Русија и Кина бараат мораториум на севернокорејските ракетни и нуклеарни проби

Од:

Русија и Кина и предлагаат на Северна Кореја да воведе мораториум на своите нуклеарни и ракетни проби, а истовремено САД и Јужна Кореја да се воздржат од масовни воени вежби.

Ова е наведено во заедничкото соопштение на министерствата за надворешни работи на Русија и Кина по средбата во Кремљ меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Си Џинпинг.

Москва и Пекинг сметаат дека ако Пјонгјанг ги стопира своите нуклеарни ракетни проби, додека Вашингтон и Сеул ги замрзнат воените вежби, земјите би можеле да седнат на преговори, на кои ќе ги договорат обврските за неупотреба на сила и воздржување од агресија.

Во соопштението на министерствата се инсистира САД итно да го запрат распоредувањето на противракетниот штит ТХААД во Јужна Кореја. Вашингон нагласува дека тој штит е неопходен заради севернокорејската ракетна закана.

Би можело да ве интересира

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Адидас истражува случај на корупција во Кина, проценет на стотици милиони евра

A1on

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон