ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците очекуваат СДС да престане да си игра и да тера маркетинг на нивен грб

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Земјоделците очекуваат решавање на нивните проблеми, а не манипулации и лаги од страна на СДС и министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

СДС продолжува да се однесува како опозиција, а тоа најмалку им користи на земјоделците.

Земјоделците очекуваат СДС да престане да си игра и да тера маркетинг на нивен грб. Земјоделците очекуваат СДС да ги исплати парите кои им припаѓаат за штетите кои ги претрпеа.

Техничката Влада уште на 24-ти април ги подготви сите документи потребни за воведување на мерката за обештетување од мразот со документ кој го има и на системот на е-Влада. Да го интересираа СДС повеќе проблемите на земјоделците отколку собирањето политички поени на нивен грб, можеа да видат дека антикорупциската комисија тогаш не даде позитивно мислење за исплата на средствата заради изборниот законик, но сега не постои никаква пречка тие да бидат исплатени.

Земјоделците гледаат дека Николовски и СДС ги манипулираат. Сеуште немаат донесено ниту одлука за тоа во колкав процент од проценетата штета ќе исплатите надомест на штетата од последните непогоди. Претходната влада од 2014 година навака исплати преку 10 милиони евра на име надомест на штета за регионите, Пелагонија, Штипско, Струмичко, Полог и Стајковци по основ на 100 % обештетување. Поминаа повеќе седници на влада, а СДС сега нема донесено никаква одлука за тоа.

Исто така и проблемите пред жетвата не се нешто ново или невообичаено. ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт се соочувал со проблемите пред жетва, но проблемите се решавале, а не како сега кога земјоделците мака мачат што со својот род.

Еден килограм брашно во Македонија увезено од Србија е поевтино отколку таму.

Господине Николоски дали знаете со што се соочуваат македонските полјоделци, а и мелничарите?

ВМРО-ДПМНЕ апелира под итно да се донесат мерки за условен увоз на пченица или да се продолжи со дополнителна поддршка од најмалку 6.000 денари на 1 ха за пченицата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници