Приносите на пченицата во Кочанско под очекувањата

Од:

Приносите на пченицата во Кочанско поради пролетниот мраз се намалени и под очекувањата. Се разликуваат во ридскиот дел од општината кај селата Тркање, Бање, Соколарци и Спанчево каде што се добиени 1.500 килограми на хектар. Подобар е родот во атарите на селата Горни и Долни Подлог, Мојанци и Прибачево, и по шест тони.

Како што информира Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, жетвата е во полн ек, а се очекува да заврши за десетина дена.

Со житни култури во Кочанско се насеани 6.606 хектари од кои 3.336 јачмен, 3.085 пченица, 110 рж и 25 хекатри овес, а на другите житни култури отпаѓаат 20 хектари.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници