Станот, кој не е типично нордиски, е во сопственист на Аники вон Холдт, уметничка кој паралелно се занимава со неколку различни правци.
Станот содржи многу елементи од сферата на нејзините интересирања и гламур, што не е типично за данскиот стил.
Малиот стан е сместен во историскиот дел на градот и во зграда која е стара околу 120 години. Дизајнот на станот комплетно е сменет од страна на сопственичката. На таванот и натаму се наоѓаат гипсени мотиви, на ѕидовите стојат отвори за оџаци, прозорците се вешто скриени, а во ентериерот има многу врати.
Аника избрала монохроматска палета на бои, со неколку контрастни елементи. Може слободно да се каже дека таа користела минималистички стил на гламурозни детали и вонвременски елементи.
Таа тврди дека обожува да купува мебел и аксесоари со вонвременски стил кои поседуваат одредени неправилности, бидејќи тие можат да бидат прекрасни кога ги употребувате во широк опсег на декоративните карактеристики.
Просториите на ентериерот се пространи и совршено осветлени, што ги претставува традиционалните карактеристики на скандинавскиот стил. Внатре можат да се видат традционални бели дрвени подови и бели ѕидови, но исто така можат да се видат и допири на гламур, како што се зголемените црно-бели фотографии, големи префинети метални рамки или крзнени компоненти.