Рускиот инженер Влад Зајцев во 2015 си имплантираше чип наречен НФЦ („near-field communication“ – комуникација на блиско растојание) во левата рака, првично, за да го користи наместо карта за во метро.
Оттогаш тој ја усовршил оваа технологија, па сега раката му служи и како платежна картичка.
Сепак, тој не е единствениот Русин со вграден чип во телото. Гинекологот од Новосибирск Александар Волчек има четири чипа и магнет во рацете, а неговиот сограѓанин, Ај-Ти експертот Даниил Литкин има компас во градите.
– Како чиповите може да се ползуваат во реалниот живот? Упростувањето на секојдневните рутини е главната причина зошто луѓето се одлучуваат да си вградат чипови, изјави Волчек за „Руски дневник”.
– Практичната употреба на имплантите вклучуваат отклучување врати, дигитално плаќање во секој дел на светот или пак искористување на чипот како пропустен билет, рече Зајцев.
Биотехничарот Евгениј Черешнев е уште еден од руските „киборзи“ со чип во раката, а има и свој блог каде говори за позитивните и негативните страни на оваа мода.
– Чипот може да се користи и наместо документ за идентификација, пишува Черешнев на блогот.
Секако, тука секогаш се и опасностите од злоупотреба од трета страна.