Селекторот на Франција, Винсент Коле ќе има тешка задача на претстојниот Евробаскет, бидејќи ќе мора да направи голема реконструкција во составот на „Триколорите“.
Од составот кој го имаше на располагање на Олимписките игри во Рио минатата година, Коле сега на располагање ќе има петмина кошаркари. По „пензионирањето“ на повозрасните, кошаркарот на ЦСКА Москва, Нандо Де Коло ќе ја има лидерската улога.
Покрај него во составот на Коле од поискусните ќе бидат и Томас Уертел и Жефри Ловерњ, како и НБА играчите Евиан Фурние и Кевин Серафин, додека искусните Николас Батум и Руди Гобер кои исто така настапуваат во НБА лигата, најавија дека нема да можат да му се стават на располагање на селекторот.
Инаку Франција, Европското првенство ќе го започне во групата А чиј домаќин ќе биде Хелсинки каде за противници „Tриколорите“ покрај домаќинот Финска ќе ги имаат и Грција, Исланд, Полска и Словенија.