Гори градската депонија во Велес

Од:

Во Велес попладнево избувна пожар на градската депонија. Според информацијата од Противпожарната единица во Велес, пожарот избувнал околу 16 часот.

– И покрај брзата интервенција на екипите на ЈКП „Дервен“ кое стопанисува со депонијата и помошта од пожарникарите на ТПП единица, пожарот се уште не е локализиран, што значи дека депонијата се уште гори, информира за МИА, Љупчо Лепидовски, командир на ППЕ Велес.

Велешките пожарникари им помагаат на екипите на ЈКП „Дервен“ со една цистерна за вода, а се затрупува и со песок.

– Според информациите од терен очекуваме во текот на ноќта пожарот да се локализира. Работите околу локализација на пожарот ни ги отежнува силниот ветер, информира Лепидовски.

Засега не се знаат причините за пожарот на градската депонија, но очевидци тврдат дека се почестите пожари на градската депонија во Велес ги предизвикуваат собирачите на стара пластика.

Официјално информација за причините за се почестите пожари на велешката градска депонија, треба да соопштат надлежните од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес