На првиот ден од Грен слем турнирот во Вимблдон нема изненадувања во двете конкуренции на досега завршените мечеви.
Кај мажите ланскиот победник Енди Мареј без поголеми проблеми го совлада Александер Бублик со 3-0 во сетови препуштајќи му седум гемови на ривалот. Нешто поуспешен во победата од 3-0 беше и Рафаел Надал, кој на Џон Милман му препушти шест гемови.
Во женска конкуренција петкратната шампионка на Вимблдон Венус Вилијамс со 2-0 во сетови ја совлада Елис Мертенс, додека двократната победничка на Вимблдон Петра Квитова со истиот резултат ја совлада Џоана ларсон.
Пласман во второто коло обезбедија од фаворитите уште: Жо Вилфред Цонга, Марин Чилиќ, Кеи Нишкори кај мажите и Симона Халеп, Доминика Цибулкова, Елина Свотолина, Медисон Кејс кај жените.
Во тек се уште неколку мечеви од првото коло.