Во американското место Вилсон е се наоѓа викендичка што наликува на амбар, која не настанала како резулатат на реновирање на постоечката структура, туку е новоградба конструирана во традиционален стил.
Објектот има 222 метри кавдратни и служи за три основни цели – како гостинска куќа за многу посетители кои сакаат да се исклучат од светот, како простор за вежбање и на крајот како проширена гаража.
Како почетна идеја за креирање на дизајнот на оваа викендица, чиј под на првиот кат е прекриен со керамички плочки во форма на шаховска табла, послужиле многу инспиративни фотографии на вистински амбари.
Како резултат на целиот проект викендицата е место за одмор со спектакуларен изглед. Место кое поседува дрвени ѕидови типични за амбарите во овие краеви во САД, традиционално креирани прозорски отвори на првиот спрат и многубројни природни елементи на кои се пружаат прекрасни погледи.
Прекрасните стаклени елементи доаѓаат заедно со два вертикални прозорци кои се отвараат накосо за да пружат доза на свеж воздух. Целата конструкција на оваа викендица е направена во одредени пропорции, додека големата двојна врата пружаа сегмент кој визуелно ве носи внатре.