(ВИДЕО) СДСМ Карпош: Заради остварување на бизнис интереси, Јакимовски е подготвен да ја жртвува безбедноста на граѓаните

Од:

„Изминатиов викенд, поточно во саботата навечер, во детскиот парк спроти студентскиот дом “Гоце Делчев” се случи немил настан, кадешто шестгодишно девојче буквално летна заедно со конструкцијата на лулашката од паркот. За потсетување, ова е истиот парк кој пред неколку дена беше помпезно отворен од градоначалникот во заминување Стевче Јакимовски.

Директна одговорност за овој настан имаат Општина Карпош и градоначалникот.

Имено, дел од реквизитите во детскиот парк меѓу кои и оваа лулашка се поставени од друг субјект а не од изведувачот на паркот. Истите реквизити како што изјавува изведувачот на паркот не поседуваат сертификати за безбедност и имаат лош квалитет во споредба со останатите содржини за деца.

За жал, ваквото однесување на локалната власт е уште една потврда дека Јакимовски е подготвен да ја жртвува безбедноста на граѓаните, вклучително и на најмладите, само за да го оствари својот бизнис интерес.
Безобразието на Јакимовски и општината оди дотаму што наместо да преземат одговорност, тие тврдат дека некој намерно ги оштетувал реквизитите за да се случи некаков инцидент.

Наместо преку соопштенија да создаваат конструкции и теории на заговор за наводни саботажи, доколку Јакимовски и Општина Карпош навистина се грижат за граѓаните, треба да ја преземат одговорноста за овој случај и да направат итна инспекција на сите други реквизити на ова и на другите игралишта, за во иднина да не се повтори ваков инцидент.

На Општина Карпош и се потребни итни потреби. Затоа веќе оваа есен граѓаните на Карпош ќе го казнат расипничкото и коруптивно владеење на Јакимовски, ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ. Новата локална власт предводена од СДСМ посветено ќе работи во интерес на граѓаните и општината. Ќе има ревизија на сите проекти, а особено на оние кои се посветени на најмладите жители на Карпош. Безбедноста на граѓаните и функционалноста на општината во ниеден случај не смеат да бидат доведени во прашање. Ќе има одговорност за секоја злоупотреба на парите на граѓаните“, изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски