„Оми Мини“ е нов проект на сервисот „Кикстартер“, кој претставува ноќна лампа што служи и за давање на известување.
За разлика од претходниот, новиот модел е навистина понапреден. Тој се спојува на Ви-Фи мрежа, а поседува и ИФТТТ поддршка за различни автоматизирани функции.
За какви интернет настани ќе ги известува корисниците е целосно нивен избор. Тоа можат да бидат информации за времето, за електронски пораки, за прекин на Ви-Фи мрежата, а може да се користи и како смарт хоум интеграција.
За користење е потребна апликација со чија помош се избира боја за ноќното светло, јачината, како и различни модови. Ноќното светло може да се подеси така да детектира движење и ви го олеснува одењето во тоалетот во текот на ноќта.
Лампата чини 24 долари.