Грчки медиуми: „Македонија“ е втор дом на Давутоглу

Од:

Грчките медиуми посветуваат големо внимание на посетата на турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

Повеќето медиуми во својот наслов ја наведуваат изјавата на Давутоглу „Македонија е мојот втор дом“ со тоа што името на нашата земја го ставаат во наводници и потенцираат дека Турција го признава уставното име.

Весникот „Нафтемборики“, меѓу другите, истакнува дека Давутоглу подвлекол оти Турција ја поддржува Македонија во спорот за името, додека порталот „ИЕфимерида“ (е-весник) оваа негова изјава ја нарекува „предизвикувачка и провокативна“.

И „Прото Тема“ во целост ја пренесува изјавата на Давутоглу дека Турција ја поддржува Македонија во спорот со името секаде во светот.

– Не само што сме и пријатели, туку се чувствуваме и како да сме од Македонија, овој коментар на шефот на турската дипломатија е објавен во сите медиуми кои ја покриваат темата.

Економскиот портал „Вориа“ објавува коментар под наслов „Никој ли не е загрижен поради воената соработка меѓу Турција и Македонија ?“ пишувајќи дека двете земји ги интензивираат воените врски преку инвестиции и соработка со што создаваат однос кој на Турција и овозможува да го одржува своето влијание на Балканот.

„Последниот пример за намерата на Турција да го зајакне своето присуство на Балканот е донирањето осум воени возила на Скопје. Придобивката за двете земји од оваа соработка е јасна. Зајакнувањето на македонско-турските воени врски преку инвестиции и соработка создава однос кој на Турција и овозможува да го задржи своето влијание на Балканот, а од друга страна Скопје ги подобрува врските со земја-членка на НАТО“, заклучува „Вориа“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски