ВМРО-ДПМНЕ: Наместо демагогија Николовски треба да почне што поскоро со работа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски

„Наместо декларативни заложби на министерот за земјоделие Љупчо Николовски потребно е конкретно делување.

Од министерот за земјоделие се очекува со конкретни мерки да ги поддржи задругите, но и да понуди решениеja кои ќе им помогне на македонските земјоделци, производители на праски, производителите на бостан и на земјоделците што се занимаваат со производство на житни култури.

Овие земјоделци се измамени бидејќи помошта што им е ветена уште ја нема. Тие очекуваат час поскоро министерот да понуди мерки со кои ќе излезат од кризата во која што се наоѓаат.

Наместо демагогија добро е министерот да почне што поскоро со работа“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси