Сместен во полскиот град Лоѓ, станот „Триангла“ претставува идеален пример како простор со мала квадратура може да се уреди со употреба на контрастни елементи во бела и црна боја.
Дневната соба поседува два бели и два црни ѕида, со триаголници во црна нијанса кои продолжуваат на плафонот и додаваат уште подраматичен изглед. Топлите, текстурни подови и полици за книги го прават овој простор гостољубив, создавајќи многу удобен амбиент.
Кујната содржи природно обоени дрвени, но и црни елементи, додека позадините се целосно бели за подобар контраст.
Чистиот бел влезен дел може да се види од просторот на дневната соба, а во овој дел се наоѓа убаво организирана единица за оставање на предмети, заедно со место за седење за поголем комфор.
Спалната соба се состои од мешавина на бела и сива боја која создава многу впечатлива и релаксирачка атмосфера. Креветот е богато поставен и до него се наоѓа аголна плакарна единица, која со бела нијанса создава неверојатен контраст со сивиот плафон.
Бањата е во комбинација на бели и црни керамички плочки во просторот на тушот, со големи црни парчиња во остатокот на просторот. Светло жолтите полици ја разбиваат монотонијата и внесуваат дополнителни акценти во црно-белиот ентериер.