Советот на Општина Велес направи прв ребаланс на буџетот

Од:

Советот на Општина Велес на вчерашната седница донесе одлука за измени и дополнувања на Буџетот за 2017 година.

Според Орце Николов од службата за информирање на Општина Велес, со овој прв ребаланс се врши зголемување на планираните средства во вкупен износ од 17 милиони 758 илјади 158 денари.

– Се зголемуваат самофинансирачките активности за 3.471.189 ден. , дотациите за 6,206 милиони денари, донациите за 15 милиони 863.736 денари, а се намалува основниот буџет за 7,782.6 милиони, рече Николов.

Надвор од изменетите и дополнети програми кои се составен дел на Буџетот, измени ќе има во општинската администрација, капиталните трошоци на Општината, градоначалникот и Советот, дотации и донации, самофинансирање,…

– Корегирани се оние подставки каде што е забележан поголем процент на извршување, испланирани се и дополнителни средства, додека кај оние каде има мало извршување, намалени се планираните средства, појасни Николов.

Воедно информира дека ребаланс е направен поради измените и дополнувањата на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на ЛЕР, Програмата за активностите на Општината во областа на културата, социјалната заштита, промоцијата и комуникацијата со јавноста и меѓународната соработка, поддршката на младите, спортот, уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина,…

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ