Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска ќе предаде добротворна донација од кревети и училишни материјалнина домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.
Средствата за донацијата беа собрани на првата трка Ајвар 5К во Вашингтон на 9 септември годинава, организирана по повод Денот на независноста на Република Македонија. На донацијата се приклучија и организацијата на Обединети Македонски Американци од Детроит и првата македонска амбасадорка во САД, Љубица Ачевска.