Кавадарци ќе ги ослободува од плаќање фирмарина младите кои ќе основаат фирми

Од:

Сите млади до триесет години кои ќе основаат фирми во Кавадарци, ќе бидат ослободени од плаќање на комунална такса за фирмарина, во првите три години од формирањето на фирмата. Ваква одлука денеска едногласно донесе Советот на општина Кавадарци, на предлог на советникот Горан Белевски.

– Целта е да се стимулираат младите да формираат сопствени фирми, да се самовработуваат, но и да реализираат и нови вработувања, во интерес на сите, нагласи меѓу другото Белевски, образложувајќи го својот предлог.

Одлуката ќе стапи во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен гласник на општина Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски