Анѓушев – Техада: Ќе се интензивира економската соработка меѓу Македонија и Швајцарија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев оствари средба со швајцарската амбасадорка Сибиле Сутер Техада со која разговараше за економската соработка меѓу двете држави.

На средбата посебен фокус е ставен на процедурите за потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу македонската Влада, Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија/Швајцарската агенција за соработка и развој, за програмата „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017-2021“ за која се планирани 5,3 милиони швајцарски франци, при што Владата на Република Македонија ќе учествува со 1,7 милиони швајцарски франци.

– Главна цел на програмата е да овозможи одговорните институции успешно да ја имплементираат политиката за рамномерен регионален развој, при што треба да се земе во предвид нивото на развој на секој од регионите поединечно. Целта ќе биде постигната со воспоставување на „Систем за подобрување на координацијата во планирањето, спроведувањето, следењето и оценувањето на политикатта за рамномерен регионален развој во Република Македонија“, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.

Вицепремиерот истакнал дека рамномерниот регионален развој е од особена важност за Владата и изразил надеж дека ќе се постигнат планираните резултати со што ќе се допринесе за економско доближување на поединечните плански региони.

Двајцата соговорници се согласиле дека економската соработка меѓу двете држави мора да продолжи да се развива и оти со реализација на заедничките проекти ќе се постигнат уште позначајни резултати во следниот период.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата