Во Штип се асфалтираат улици во централното градско подрачје

Од:

Во Штип почнува реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур“, која три години не беше во функција поради изградбата на станбено-деловен комплекс „Порта Пролет“.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека градежната фирма е избрана и веќе е подготвена улицата за асфалтирање. Оваа улица покрај тоа што ќе се асфалтира ќе биде проширена од две страни на коловозот.

-Значи имаме целосна реконструкција на улицата „Страшо Пинџур“ почнувајќи од Католичката црква, до влезот на оваа улица, односно до улицата „Михаило Апостолски“, а ќе се асфалтира истовремено и дел од оваа улица и овој дел ќе биде комплетно завршен. Ако земеме во предвид порано се асфалтираше дел од „Михаило Апостолски“, улицата „Каваклија“, па „Тодор Коларов“, потоа „Браќа Миладоновци“, па ја реконструиравме „Страшо Пинџур“, кај зградата на социјалното и на дел према Медицинското училиште, мислам дека во овој дел на градот сите улици се асфалтирани, посочи Захариев.

Тој истакна дека оваа инвестиција е на општина Штип, а од буџетот се изводени 1,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“