Британската пејачка Адел најави дека сегашната концертна турнеја по повод албумот „25“, што завршува в недела, би можела да биде и нејзина последна.
За време на нејзиниот концерт на стадионот „Вембли“ во Лондон се појави и нејзина рачно испишана порака: „Незнам дали повторно ќе одам на турнеја и сакам последната да се заврши дома“.
Поп ѕвездата со концертите во Велика Британија ја завршува својата 15-месечна турнеја, за време на која настапи во Европа, САД, Австралија и Нов Зеланд.
– Турнејата е необична работа, мене лично не ми одговара, рече 29-годишната пејачка.
Адел ќе има уштре три настапи во Лондон, пред да ја заврши сегашната турнеја со вкупно 123 концерти.