Општина Центар: СТОП за самоволното и незаконско работење на БЕГ

Од:

И покрај укажувањата, казните и опомените од Општина Центар, БЕГ (Балкан Енерџи Груп) продолжува со самоволното однесување.

На улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало, БЕГ без дозвола од Општина Центар ја ископа улицата за свои потреби. Граѓаните се пожалија до градоначалникот Андреј Жерновски дека на улицата е речиси невозможно движење со автомобили, по што градоначалникот заедно со овластениот градежен инспектор се упати на лице место.

Донесено е решение за враќање во првобитна состојба на улицата и заклучок за дозвола за извршување.

Согласно Законот за градење, доколку веднаш не се направи ова и БЕГ не ја врати улицата во првобитна состојба, следува глоба од 9.000 евра во денарска противредност за правното лице и глоба од 30% од одмерената казна за правното лице да му се изрече на одговорното лице, соопштуваат од општина Центар.

Вчера, исто вакво решение е издадено и за непочитување на законот и правилникот за прекопи од страна на БЕГ и за улицата „Народен Фронт“ во Капиштец. Тука, изведувачот само ја истампонирал улицата и ставил асфалт и затоа, досега направениот дел е пропаднат.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски нема да дозволат вакво самоволно однесување од страна на БЕГ и непочитување на законите и правилниците.

Поради констатираните факти, градоначалникот на Општина Центар нема да издаде ниту една градежна дозволена на БЕГ се’ додека не се санираат состојбите на терен и фирмата не ја обезбеди потребната техничка документација од Општина Центар, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Владата нема договорено решение за парното во Скопје, Ковачевски: Сега работиме

Кристијан Ландов