Австралискиот дизајнер Рос Гардам додаде ѕидни лампи на својата колекција за осветлување „Полар“.
Лампата може да се ротира за да креира ефекти налик на затемнување, а својата инсипирација ја црпи од месечевите мени со кои можете да управувате со анимација на рацете во било кој момент.
Висечките дифузери на овие лампи добиваат осветлување од задната страна, создавајќи кругови на светлото кое се основен принцип за создавање на слика на месечеви мени. Формите варираат со позиционирање на дифузерот, кој се подесува многу лесно.
Анодизираната златна база на лампите „Полар“, пружа прекрасна платформа за монтирање на ѕидови. Дискот е достапен во две големини и со различни опции за финиш кои варираат во широки палети на бои.