Германската канцеларка Меркел денеска најави дека европските членки ќе работат на престојниот Самит на 20 најразвиени држави на светот (Г-20) на изнаоѓање заеднички решенија за спорот за климатските промени и други теми со САД.
Меркел во изјава за медиумите изјави дека САД е важен дел од Г – 20 и дека дури и покрај тоа што членките на ЕУ се обединети во врска со Договорот за климатски промени од Париз од кој САД се откажа тие ќе работат за изнаоѓање заеднички решенија на самитот кој ќе се одржи на 7. и 8. јули во Хамбург.
Коментарот на Меркел доаѓа по состаноците со нејзините партнери од Франција, Италија, Холандија, Шпанија и Норвешка, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во врска со темата францускиот претседател Емануел Макрон смета дека не е корисно „да се изолира земја“ мислејќи на различните позиции на ЕУ и САД за климатските промени.