Веројатно би помислиле дека дом широк едвај неколку метри мора да биде премногу тесен и здодевн за живот, но еден мал стан, сместен е во местото Дарлингхарст близу Сиднеј, ја побива оваа теза благодарение на неверојатно чудните карактеристики во својот дизајн.
Целата површина на овој простор доаѓа со многу убав стил, кој го прави многу привлечен и на некој чуден начин простран. Прва работа која можете да ја забележите во овој стан е многу јасната бело-црна тема која е на секаде во ентериерот.
Влезот води до трпезарискиот простор и дневната соба. Се од оваа секција содржи бели плочки на подот и таванот и вградени црни гардеробери од страната. Сјајните црни плакари се прошируваат на горниот спрат кој исто така содржи бели ѕидови и други светли елементи.
Овој стан можеби делува како многу тесен во споредба со многу други во приградските населби, но при неговото креирање не изостанала ниту малку елеганција. Необичниот простор, всушност изгледа како долг, правоаголен ходник поделен на два ката.
Приземното ниво се состои од добро стилизирана кујна, удобна дневна соба и трпезариски простор инспириран од тематика од градина.
Првиот кат содржи две спални соби, простор за учење заедно со полици за книги и бања. Една од спалните соби пружа пристап на балкон кој овозможува прекрасен панорамски поглед.
Стаклата се користени ширум станот и комплементирани со бела тема која целиот негов ентериер го прави визуелно многу поширок. Мебелот кој е користен исто така поседува уникатен стилски изглед и ова е совршен стан за младо семејство, но и за двајца пријатели.
Иако овој стан има мала квадратура, неговиот ентериер е неверојанто удобен и гостољубив.