Јапонија планира до 2030 година да испрати астронаути на Месечината, соопшти Јапонската аерo-вселенска истражувачка агенција (ЈАКСА), на конференција организирана од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологии.
Првото стапнување на човечка нога на Месечината, беше она на Американецот Нил Армстронг на 21 јули 1969 година, во рамките на проектот „Аполо”.
Во мисијата „Аполо 11″ учествуваа Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Баз Олдрин, а нивното патување траеше осум дена.