СДСМ Карпош: За бизнис интереси, Јакимовски ја задолжи и загади општина Карпош

Од:

„Ниту една лага и манипулација на Општина Карпош и на градоначалникот во заминување, Стевчо Јакимовски, нема да го прикријат неспособното и коруптивно раководење со Општината.

За сопствени и партиски цели, Јакимовски од Карпош направи задолжена и загадена општина, во која интересите и потребите на граѓаните се ставени во втор план. Еден од главните проблеми во општината а особено во населбата Тафталиџе е профитерскиот урбанизам кој постепено ги пренамени сите зелени површини и паркови во згради и паркинзи.

Прво „фиктивно“ на хартија, па потоа и во реалниот простор, со што на сметка на скапиот квадратен метар се уништува животната средина и природа.

Што мислат граѓаните за Јакимовски, а што за СДСМ, јасно кажаа на последните парламентарни избори, а тоа уште повеќе ќе се потврди на следните локални избори, кога граѓаните на Карпош одлучно ќе му го врачат отказот на Јакимовски.

По промените на локалните избори, новата локална власт предводена од СДСМ, ќе работи отчетно, чесно и во интерес на граѓаните, но и ќе има ревизија на досегашната работа и одговорност за секоја докажана злоупотреба на парите на граѓаните на Карпош“, се вели во соопштението на СДСМ Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација