Струмички „Комуналец“ го чисти каналот „Крушевска Република“

Од:

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве почнаа со чистење на каналот „Крушевска Реублика“, на потегот од мостот на улицата „Климент Охридски“ до сливот во реката Тркања.

Стојан Ефтимов, раководител на единицата „Водовод и канализација“ информира дека истовремено се чистат и наносите од материјал долж сливот на каналот „Крушевска Република“ во реката Тркања.

– Со оваа акција опфатени се 1.500 метри од каналот „Крушевска Република“ како и 200 метри долж реката Тркања. Во наредниот период ќе следи и рачно чистење на наносите под мостот на улицата „Климент Охридски“ кои во моментот прават застој на слободното истекување на отпадните води кои се сливаат во каналот, рече Ефтимов.

Според надлежните, со преземените мерки за чистење на каналот „Крушевска Република“ до сливот во река Тркања ќе се обезбеди слободно истекување на атмосферските води во реката Тркања и со тоа, како што велат, во голема мера ќе се заштитат граѓаните од овој дел од градот од ризиците за излевање при поголеми и обилни врнежи.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски