Во рамките на 104-та годишнина од Брегалничката битка кај месноста Говедар кај каменичкото село Долна Цера, денеска делегација од претставници на српската заедница во Македонија положија свежо цвеќе во спомен-костурницата во селото.
Милутин Станчиќ претставник на српската заедница во Македонија по тој повод истакна дека датумот на една од најкрвавите битки во Втората балканска војна од недоамна се одбележува и во селото Цера во рамките на програмското добележување како држаен празник на Србија.
– Од неoдамна во Македонија, како и во Цера се одбележува оваа годишнина. Го одбележуваме споменот на српската војска во Втората балканска војна и крвавата Брегалничка битка, а битката кај Говедар е една од најкрвавите. Ние како српска заедница наоѓаме разбирање и соработка со локалната самоуправа во Македонска Каменица, истакна Станичиќ и додаде дека спомен-костурницата која е во многу лоша состојба е планирано да се реконструира.
Информира дека се планира санација на објектот и како заедница го очекуваме тоа, но до каде се проектите не знаеме и очекуваме во иднина да почне санација на објектот.
Инаку, спомен-костурницата во три мермерни саркофази ги чува посмртните останки на илјадниците војниците кои загинале во битката кај Говедар во јули 1913 година. Таа се наоѓа во подрумските простории на училиштето во Долна Цера, а е градена во 1937 година од страна на тогашната српска власт.
Инаку, битката кај Говедар е една од најкрвавите битки и овде загинале илјадници српски и црногорски од едната и бугарски војници од другата страна, но и многу македонски војници кои биле присилно мобилизирани од двете страни на границата.