„Самсунг Галакси Ноут 8“ стигнува во септември по цена од 900 долари

Од:

Премиум моделите на „Самсунг Ноут“ секогаш биле скапи, но најновата верзија „Самсунг Галакси Ноут 8“ ќе биде досега најскап мобилен уред на оваа јужнокорејска компанија.

Тој ќе чини над 900 американски долари, а на пазарот ќе стигне во септември годинава.

„Самсунг Галакси Ноут 8“ ќе има 6,3 инчен дисплеј со тенки рабови, подобрена камера, батерија од 3,300 милиампер часови која се полни многу брзо и 6 гигабајти РАМ меморија. Ова ќе биде и прв мобилен телефон на „Самсунг“ со двојна камера, од кои секоја ќе има сензор од 12 мегапиксели.

Иако многу медиуми претходно пренесоа дека новиот уред на „Самсунг“ ќе биде претставен во август, компанијата според најновите информации ќе го претстави „Самсунг Галакси Ноут 8“ во септември.

„Епл“ исто така ќе го претстави „Ајфон 8“ во септември оваа година.

Ланскиот „Галакси Ноут 7“ не се покажа како полн погодок на „Самсунг“, поради што многумина веруваат дека компанијата ќе се потруди неговиот наследник да ја оправда довербата на купувачите.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска