Свештеникот Џанкарло Пирини, од италијанската општина Воланиа е на мака како да привлече млади парови да се венчаат во неговата црква.
И одлучил на секој пар кој ќе го каже во неговата црква судбоносното „да“, да им плати по 500 евра.
Од почетокот на оваа година, во неговата парохија со околу 1.000 жители, се уште се нема венчано ниту еден пар.
И не само во оваа парохија, опаѓа бројот на венчавките и во цела Италија.