Предметот „Шамари“ изгубен во судските лавиринти

Од:

Рочиштето за нарачаните шамари во Општината Центар за градоначалникот Андреј Жерновски се одложи за 28 септември, бидејќи како што кажа судијката Татјана Михајлова, предметот не стигнал од Апелација во Основен.

Во овој предмет се обвинети 14 лица, од кои пет како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството.

Меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески и актуелната пратеничка во Собранието и поранешна советничка во општина Центар Даниела Рангелова, кои денеска дојдоа во Судот.

На денешното рочиште беа пристуни и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, како и општински советници.

Специјалното јавно обвинителство го покрена овој случај на 15 септември минатата година.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме