Средба Димитров – Калавера

Од:

Министерот за надворешни работи (МНР) Никола Димитров денеска на средбата со директорката за Западен Балкан во Генералната дирекција за соседска политика и преговори за проширување на ЕК Џеновева Луиз Калавера ја реафирмирал посветеноста на Владата на забрзување на процесот на интеграција во ЕУ преку испорачување конкретни резултати во реформите во клучните области, опфатени со Акцискиот план за спроведување на Итните реформски приоритети.

Како што се наведува во соопштението од МНР, Димитров се заблагодарил на помошта на ЕК и комесарот Јоханес Хан за поддршката и помошта во спроведувањето на реформите.

– На краток рок, нашата цел е да и овозможиме на ЕК да ја отстрани условеноста на препораката за отпочнување на преговорите за членство во Унијата и да се отворат нови перспективи за Македонија на нејзиниот европски пат, рекол Димитров и информирал за заложбата на Владата за унапредување на добрососедските односи и градење взаемна клима на доверба и соработка, како и за очекувањата од престојниот Самит за Западен Балкан во Трст.

Директорот Калавера, се посочува во соопштението, ја истакна поддршката на ЕК за реформската агенда на Владата и процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија. Според неа, претстојниот период е од исклучителна важност кој ќе ја детерминира динамиката на напредокот на Македонија и остварување на нејзините европски аспирации.

Би можело да ве интересира

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска