Преку проект со Австриската академија на науките, Кумановскиот музеј ќе ја истражува византиската патна мреза во регионот

Од:

Кумановскиот музеј и одделот за византолошки истражувања од Австриската aкадемија на науките ќе ја истражуваат средновековната патна мрежа во кумановско и регионот, информираа денеска надлежните од установата.

Проектот е заеднички и е инициран од Kумановскиот музеј и претставниците на Австриската aкадемија на науките – одделот за византолошки истражувања, објасни, археологот и директор на НУ Музеј Куманово, Дејан Ѓорѓиевски.

Музејот Куманово и регионот, Крива Паланка и Кратово ќе бидат вклучени во проектот „Digitising patterns of power”, со кој ќе се анализира средновековната патна мрежа преку користење на средновековните пишани извори, интеракцијата меѓу природната околина и човековата дејност, како и зависноста на религискиот, економскиот и политичкиот развој од географската поставеност на регионот.

– Веќе подолго време се обидуваме да воспоставиме контакт со нив, бидејќи има многу сличности во начинот на работа со нив и во интересите кои ги проучуваме, така што успеваме да договориме проект со д-р. Михајло Поповиќ од Австриската Академија на науките, кој што ја работи патната мрежа во Византија, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот е предвидено да се реализира идната година преку средства кои дополнително ќе се обезбедат од меѓународните фондови, додека НУ Музеј Куманово со овој проект ќе аплицира во годишната програма на Министерството за култура за 2018 година.

– Претставниците од оваа установа имаат студиозен пристап во проучувањето на патната мрежа, имаат издадено неколку тома за патната мрежа во Византија и имаат востановено принципи на работа.Првин се прегледуваат средновековните пишани извори кои зборуваат за можни движења, постоење на некоја патна мрежа, се мапираат, се внесуваат во дигитална форма, во однос на релации населби со религиозни објекти, помали со поголеми центри и на тој начин се добива слика од што зависел развојот на едно подрачје во зависност од географската поставеност, појасни Ѓорѓиевски.

Резултатите за средновековната патна мрежа од кумановскиот регион ќе бидат презентирани на меѓународни симпозиуми и предавања во организација на Академијата.

Овој проект е многу значаен за Кумановскиот музеј, кој покрај досегашната соработка со реномираните светски универзитети од Оксфорд, Саутемптон и Единбург, ќе соработува со академијата од Австрија и на овој начин, установата, нејзините истражувања, кумановскиот регион ќе се промовираат на меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски