Во повеќе земји е забрането да се пишуваат пораки и да се вози, но истовремено возењето велосипед и користење на мобилен не е секаде регулирано.
Холандската компанија разви уред наречен „Смарт Лок“, кој ја оневозможува мобилната мрежа на телефонот кога велосипедот ќе се отклучи со помош на апликација.
Дизајниран во партнерство со Холандскиот сојуз за безбедност во сообраќајот, „Смарт Лок“ е наменет за децата за да се промовира „безбедносна употреба на мобилните во сообраќајот”.
„Смарт Лок“ на пазарот ќе може да се купи за 100 долари.