Осми меѓународен „Летен кампус 2017“

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на отворањето на 8. меѓународен високообразовен одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2017“, во Центарот за обука „Пепелиште“ кај Неготино.

На осмиот летен кампус организиран од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, како што информираат од Министерството за одбрана, се најавени 116 учесници од 12 држави: Македонија, САД, Германија, Норвешка, Чешка, Полска, Романија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Фокусот на „Летен кампус 2017“ е на академската елаборација на различни теми, со цел воспоставување мрежа на идните офицери и нивна подготовка за развиена интероперабилност и соработка.

Би можело да ве интересира

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана