• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во Струмица промовиран проект за микро и мали претпријатија во Југоисточниот регион

by А1он20/12/2012 - 15:58170
Share0

Центарот за развој на претприемачи и менаџери на Македонија и УСАИД, денеска во Струмица го промовираа проектот за микро и мали претпријатија во Југоисточниот регион.

Добивај вести на вибер

Во присисуство на градоначалникот Зоран Заев и голем број претприемачи за целите на овој проект зборуваше Татјана Марковска од Канцеларијата за економски развој при УСАИД во Македонија.

Како што истакна Марковска ова е втора година на реализација на овој проект со претприемачите и менџерите на микро и малите претпријатија.

– Овој проект е уникатна можност за обука и споделување на практични знаења и услуги за подршка на бизниси во микро и мали претпријатија. Составен дел на овој проект е и Инвес-тициски фонд, кој е подршка за почетници, но и претприемачи и менаџери кои имаат желба за проширување на својот бизнис и отварање на нови работни места, со цел намалување на број на невработените лица во Македонија, рече Марковска.

За директорот на Центарот за развој на претприемачи и менаџери, Јован Маџовски, овој проект е можност преку практични примери да им се помогне на претприемачите во нивно вклопување во економскиот живот во државата.

– Искуствата ,знаењата, вештините и алатките кои им се на располагање за подготвено започнување на микробизнисот се елементи кои им се потребни не само на почетниците, туку и на претприемачите кои во текот на своето работење наидуваат на проблеми, како во ова економска криза, така и во нормални услови на стопанисување. Подобрувањето на економичноста и создавање на здрави микро и мали претпријатија, кои ќе ја издржат конкуренцијата на пазарот, а со тоа ќе создадат и услови за нови вработувања е суштината на овој проект, рече Маџовски.

Мината година во овој проект на УСАИД биле вклучени 63 учесници, кои креирале 36 нови работни места и 74 нови можности за работа во микро и мали претпријатија.

strumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:2824/12/2025 - 11:44

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:3124/12/2025 - 11:26

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен