ММФ се обврзува со учество во план за финансиска помош на Кипар со делумно отпишување на долгот на таа држава, објави Зидојче цајтунг. Планот треба да биде прецизиран во крајот на јануари.
ММФ смета дека без тоа државата нема да биде во состојба да ги подмири каматите на долгот дури и реформите ако бидат спроведени, наведува весникот цитирајќи извор близок до преговорите меѓу Кипар и тројката кредитори (ММФ, ЕУ и ЕЦБ).
Канцеларот Ангела Меркел не сака да зборува за отпишување на долгот иако таа смета дека ММФ треба да учествува во планот за финансиска помош на Кипар.
Според очекувањата, Русија би можела да даде пет милијарди евра на ММФ кои би ги префрлиле на Кипар, бидејќи многумина Руси имаат значителни сметки во кипарски банки. Тројката во ноември наведе дека по разговори со кипарската Влада, таа држава има потреба од околу 17 милијарди евра за период од четири години.