Изралски воен авион нападна неколку позиции на сириската Влада во близина на Голанската Висорамнина.
Нападот е одговор на гранатите што паднаа во делот на Голанската Висорамнина окупиран од Израел, а беа истрелани од Сирија.
Во нападот на израелската авијација уништени се два тенка на сириската армија.
– Нема да толерираме каков било обид за нарушување на суверенитетот на Израел, како и на безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението на израелската армија.