Папата Бенедикт Шеснаесети во својот прв текст за еден секуларен весник денеска напиша дека Божиќ е време за сериозно размислување.
За денешниот број на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ папата наведува дека Божиќ не е само време на големи радости, туку и време на длабоко размислување и преиспитување на совеста.
Ватикан соопшти дека Папата позитивно одговорил на невообичаеното барање од весникот „Фајненшл тајмс“ да напише текст.
Бенедикт Шеснаесети бил плоден писател за време на својата кариера како бискуп, висок ватикански службеник и папа, се наведува во соопштението на Ватикан.