Паркот на „Макфест“ даден на трајно користење на општина Штип

Од:

Членовите на Советот на Источниот плански регион, кој го сочинуваат градоначалници од 11 општини од источна Македонија, на денешната седница во општина Зрновци едногласно решија новоизградениот парк на „Макфест“ во Штип да се даде на трајно користење и управување на општина Штип.

– Се работи за значаен инфраструктурен проект кој е од особено значење за општина Штип и Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Паркот почнавме да го градиме минатата година и сега е целосно завршен и може да се користи. Во него се инвестирани 100 илјади евра од националниот буџет на државата, додека општината во проектот учествуваше со кофинансирање од 640 илјади денари. Работите ги изведуваше компанијата „Актива“ од Штип, изјави Драгица Здравева, директор на Источниот плански регион.

На денешната седница градоначалниците беа информирани и за текот на проектите кои се реализираат од страна на Источниот плански регион во општините Зрновци, Виница и Кочани, како и за подготовката на проекти од вториот повик за прекугранична соработка со Република Бугарија, кој ке биде објавен наскоро.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он