Николовски се сретна со словенечкиот амбасадор Јазбец

Од:

Да се интензивира соработката меѓу Македонија и Словенија договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец.

– Заблагодарувајќи се на целокупната политичка поддршка што Словенија и ја дава на Македонија, министерот Николовски ја потенцираше и потребата за продолжување и зголемување на соработката во ресорот земјоделство. Во моментов, нагласи Николовски, нашиот фокус е насочува кон размената на искуства во три подрачја и тоа околу поголемото искористување на сретставата од претпристапниот европски Фонд-ИПАРД,руралниор развој и поттикнување на билатерални средби на стопанствениците, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Амбасадорот Јазбец ја искажа подготвеноста на Словенија да продолжи и да ја подржува нашава земја во областа на земјоделството и руралниот развој и го покани министерот Николовски на форумот на европските министри за земјоделство и на Кина кој треба да се оддржи во август годинава во Словенија. Во рамките на овој форум е предвидено и оддржувањето на земјоделскиот саем на кој е обезбеден и бесплатен штанд за претставување на македонските компании пред бројните странски и домашни посетители.

Министерот Николовски истакна дека форумот ќе биде добра можност да се разменат искуствата со колегите од европските земји, но и ќе се направат сите подготовки за успешно претставување на македонските компании на словенечкиот и европскиот пазар, се вели во соопштението од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата