ВМРО-ДПМНЕ бара од охридскиот градоначалник да ги отстрани рампите на паркинзите

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Харалампие Шокаровски денеска на прес-конференција побара од охридскиот градоначалник Александар Петрески итно да ги отстрани рампите на паркинзите во Охрид, кои го вратил пред два дена.

– Секторот за внатрешни работи од Охрид побара да се извадат од функција рампите и апаратите на паркинзите во централното градско подрачје, но Петрески не ја испочитува таа одлука. По два дена, рампите беа вратени и повторно Охрид се соочува со попречен проток на автомобили и луѓе и тоа токму во пресрет на новогодишните празници. Дали ова е знак дека  фирмите кои ги имаат под концесија паркинзите во Охрид се финансиерите на камапањата на Александар Петрески за претстојните локални избори? Дали парите на туристите и граѓаните на Охрид ќе бидат искористени за кампањата на Петрески и СДСМ?, праша Шокаровски на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски