Во Велес по петти пат „Баскерфест“

Од:

Познатиот уличен фестивал „Баскерфест” вечер и утревечер по петти пат ќе се одржи на отворена сцена во Младинскиот парк во Велес.

Како што појаснуваат од општина Велес кои се соорганизатори на фестивалот, „Баскерфест“ е со уникатен концепт и нова, поинаква понуда.

Информираат дека „Баскерфест“ ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.

Од организацијата на „Баскерфест“ појаснуваат дека целта на фестивалот е на сите посетители да им приреди несекојдневно искуство. „Баскерфест” е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат.

Како и во изминатите години, на фестивалот присуството е бесплатно за сите посетители.

Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји. Благодарение на „Баскерфест”, на оваа листа се вклучува и Македонија со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот, појаснуваат од „Баскерфест“.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ