Досегашниот претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество-Скопје ја предаде функцијата на ново избраниот претседател Бојан Јовановски. На седницата присуствуваа пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски заедно со пратеникот Стефан Богоев, амбасадорот Чарлс Гарет, водителките Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ, заедно со видни јавни личности.
„Ја имам честа да зборувам за нешто друго. Врз основа на неговата биографија, 52 делегати го избраа Бојан Јовановски за претседател на Меѓународниот сојуз. Нашата мисија е дека на секого треба да му се даде шанса”, рече Јасна Мандиќ.
Новиот претседател Бојан Јовановски кажа дека од понеделник вратите на Сојузот ќе бидат отворени за сите. Тој испрати порака до сите политичари да ги тргнат суетите на страна и да соработуваат со овој Меѓународен сојуз.
„Меѓународниот сојуз има мисија која што е за доброто на секој граѓанин. Неколку пати имам кажано, дека сакам да живееме во општество еднакво за сите, различно од другите, општество во ЕУ и НАТО. Програмата е доставена и наскоро ќе се гласа. Очекувам поддршка од цела јавност, бидејќи таа е многу важна. Низ годините се трудам да бидам целосно искрен, иако тоа многупати било контра продуктивно. Мене ме понижуваа многупати, а денес тој истиот стои исправен пред Вас и ќе се бори против тоа. Не се богати оние кои имаат финансиски средства, туку оние кои ќе знаат да ги поделат”.
Меѓу членовите на Собранието се и видни личности од јавниот живот, меѓу кои новинари и музичари. Првиот почесен член е амбасадорот Чарлс Гарет, а по него екс-министерката Илинка Митрева. По нив се впишуваат и имињата на Јованка Кухар, Сашко Коцев, Жарко Димитриевски, Лила Филиповска, Коста Костадиновски, Изет Меџети. Почесниот амбасадор на Република Македонија во странство ќе биде Владо Илиевски. “Голема е честа да бидам амбасадор на Сојуз кој треба да го поттикне родољубието. Да се бориме за права, да работиме на тоа да нема отфелени, ниту гладни. Затоа јас ќе помагам на сите, без никакви поделби. Знам од прва рака за какви предизвици станува збор и секоја ранлива категорија треба да добие помош. Ова ќе биде процес каде некои работи ќе се решаваат брзо, а за некои ќе треба време. Верувам дека овој Сојуз ќе донесе многу насмевки кај секого”, рече новиот амбасадор Владо Илиевски.
Јовановски повторно истакна дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно. Првиот проект на Меѓународниот сојуз е “Стоп за деца на улица”, со изградба на центар за заштита. За почесен претседател на овој сојуз е избрана екс-министерката за Труд и социјална политика, Фросина Ременски. “Ретко драго признание и драга чест. Ова е поголемо признание од сите кои сум ги добила досега. Не сакам да биде клише, но навистина сум без зборови, бидејќи доцна ја примив оваа вест. Во периодот кога бев министерка, во тоа Министерство го добив моето карактерно изменување. За жал има многу граѓани кои не можат да им овозможат на своите деца топол оброк. Ние со Бојан утврдивме дека институциите не можеа да помогнат на овие луѓе, туку граѓаните беа тие кои беа хумани. Тогаш си дадов задача дека тоа ќе престане и дека државата ќе биде таа што ќе помогне. Кога соработувавме со Јовановски, увидовме дека треба да помогнеме на општеството, бидејќи треба да ја видиме насмевката кај сите деца кои насекаде ги гледаме. Стапката на сиромаштија е огромна, а заедно треба да работиме ова да се подобри и да не очекуваме само Владата да се справува со ова”, вели почесната претседателка на Сојузот, Фросина Ременски.
Таа спомена неколку примери, каде институциите останале неми на апелите за помош од страна на поединци, додајќи дека сите деца треба нормално да живеат. За Ременски, не е сфатливо да се збори за малолетнички затвори, туку за градинки и едукативни центри. Народниот правобранител на Република Македонија, Изет Меџити вели дека институциите треба да ги отворат вратите за Сојузот и Народниот правобранител. “Институцијата која е заштита на човековите слободи и права поминала низ многу предизвици. Верувам дека ќе успееме во оваа цел. Во последно време, различностите во општеството ги сфаќаме како проблем, а не како придобивка. Мора ова да го промениме. Ние како институција имаме правено многу истражувања, ама тоа не се ефектуира. Денес гледам дека добиваме уште еден сојузник со кој можеме заедно да направиме повеќе. Во последните години сум разочаран, бидејќи работам а немам успеси. Ова верувам дека ќе се промени во иднина со помош на соработка и комуникација. Ова Здружение ќе делува во Македонија и надвор од неа, преку проекти, а согласно Уставот и законите задржувајќи ги европските стандарди.