Општина Струмица и УНДП ја продлабочуваат соработката

Од:

За досегашната соработка, позитивните резултати од веќе реализираните проекти и за можностите од продлабочување на односите денеска разговараа вршителот на должност градоначалник на Струмица Костадин Костадинов и постојаниот претставник на УНДП и координатор на ОН во Македонија Луиза Винтон.

Како што беше речено, досега со финансиска помош на УНДП се реализирани голем број проекти, меѓу кои и ангажирањето лични асистенти за децата со посебни потреби.

– Ангажирање лични асистенти за лицата со посебни потреби кои се во редовен образовен процес, пријателски библиотеки за сите граѓани, реконструкција на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, помош при вработување млади и невработени лица, се само дел од проектите, рече Костадинов, изразувајќи благодарност за соработката, но и очекување идни проекти кои, како што нагласи, би биле од суштинско значење за граѓаните.

Одличната соработка меѓу УНДП и Општина Струмица ја потенцираше Винтон.

– Струмица и УНДП работат на сите области на кои УНДП работи во државата, почнувајќи од заштитата на животната средина, социјалната вклученост и доброто управување. Соработката веќе дава резултати во заштитата на животната средина, на водите на реката Струмица и во заштитата од поплавите на регионот и во иднина ќе работиме заедно да им помогнеме на фармерите да воведат поодржливи мерки на производство, рече Винтон.

И од УНДП очекуваат заедно со Општината да продолжат со проектот во Бања Банско за да им овозможат на лицата со посебни потреби подобро вклучување во животот.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски