Средба Груби – Жбогар во Собранието

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, денесја во Совранието се сртена со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Пратеникот Груби и евроамбасадорот Жбогар разговараа околу реформските предизвици за Македонија во согласност со очекувањата на Брисел, ЕУ и НАТО, предизвиците на Комисијата за европски прашања во врска со амбициозната динамика на новата реформска агенда заедно со посветеноста за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, информира собраниската прес-служба.

Груби го запозна Жбогар за приоритетите на Комисијата која тој ја води во Собранието и која исто така, опфаќа и голем број на јавни дебати за сите реформски прашања со вклучување на сите пратеници, граѓанското општество, медиумите, меѓународната заедница.

Груби ја изрази својата посветеност заедно со другите пратеници, граѓанското општество и Владата одговорно да се посветат на спроведувањето на реформите.

Владеењето на правото, рамноправност меѓу граѓаните во согласност со Охридскиот договор, итна евро-атлантска интеграција, како и социјалната благосостојба се столб на новото мнозинство на реформи.

Претеникот Груби нагласи дека е во очекување на усвојувањето на Патоказот од страна на Владата како и ја потенцира потребата за усвојување на една сеопфатна Резолуција од страна на Собранието за поддршка на реформите и интеграцијата во Европската Унија, соопшти собраниската прес-служба.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски