Германската автоиндустрија „Опел“ го промовираше својот нов модел на СУВ возило „Грандленд Икс“, кој во продажба ќе се најде по почетна цена од 23.700 евра.
Овој модел на „Опел“, кој е наменет само за европскиот пазар, е долг 4,48 метри и има голема патничка кабина и багажник, чија основна запремнина изнесува 514 литри.
„Опел Грандленд Икс“ е нешто поевтин од директниот конкурент „Пежо 3008“, а купувачите може да сметаат на 1,2-литарски турбо бензински мотор кој располага со 130 коњски сили и 230 њутн метри најголем вртлив момент.
Верзијата со 1,6-литарски четирицилиндерски турбодизел мотор со 120 коњски сили и 300 њутн метри најголем вртлив момент чини 26.500 евра.
„Опел“ наскоро ќе ги претстави и новите посилни погонски опции за „Грандленд Икс“, меѓу кои би можела да се најде и верзијата ОПЦ.