Еден од најголемите ледени брегови регистрирани во светот е под закана да се оддели од Антарктикот како „заб што се клати“ и претставува дополнителна опасност за бродови кои минуваат таму, јавија норвешки медиуми.
Ледениот брег Ларсен Ц, кој е со површина колку и американската држава Делавер или индонезискиот остров Бали, поврзан е со копно само во должина од 13 километри, откако минатиот месец се одвои во должина од 175 километри.
– Сите не држи во неизвесност. Делува како заб што се клати кај дете пред да испадне, изјави Ендру Флеминг, од тимот на Британија за истражување на Антарктикот.
Тој леден брег е со дебелина од околу 200 метри и само 20 метри се наоѓаат над вода.