Можностите за унапредување на соработката помеѓу двете институции преку заеднички научно – истражувачки проекти од областа на безбедноста и одбраната, кои се од национално значење, беа тема на разговор на денешната средба меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претставниците на Факултетот за безбедност, предводени од деканот д-р Никола Дујовски.
На средбата, информираат од Кабинетот на Шекеринска, билопосочено дека за Министерството е добредојдена експертизата од членовите на академската заедница со цел забрзување на реформските процеси во одбранбено-безбедносниот систем.
Министерството за одбрана и Факултетот за безбедност имаат повеќе децениска соработка, која во следниот период дополнително ќе се интензивира.