СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заробено во сопствената политика на тајност

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Трајко Вељаноски.

„ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски остануваат заробени во сопствената политика на затвореност, тајност, манипулација и лажење на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и се договараше за промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. Преку постојани блокади на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше против државните и национални интереси.

За разлика од тајните преговори што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со соседите, Владата предводена од СДСМ е максимално транспарентна и секоја политика, секој нејзин потег е и ќе биде на увид на граѓаните.

Се што прави новата Влада предводена од СДСМ на домашен и меѓународен план, е во интерес на надминување на отворените прашања и подобра иднина за државата и граѓаните, во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи, и во целосна заштита на државните и националните интереси“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!